Уапсен велешанец кој за еден месец извршил шест кражби

policija lisici

На 28.05.2023 во 22.50 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода А.С.(30) од Велес. Тој се сомничи дека во периодот од 21.04.2023 до 28.05.2023 на подрачјето на СВР Велес извршил повеќе тешки кражби и кражби од индустриски погони и викенд куќи.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

На 21.04.2023 извршил тешка кражба во фабрика во Велес, на 24.04.2023 тешка кражба во викенд куќа сопственост на Г.Ј. во место викано „Долна Брца“, на 28.04.2023 во фабрика во Велес, на 02.05.2023 тешка кражба во викенд куќа во место викано „Три дола“ сопственост на Г.В., на 16.05.2023 тешка кражба во викенд куќа сопственост на Д.Б. во место викано „Сариер“ и на 28.05.2023 тешка кражба во гаража од семејна куќа на ул.„Вера Циривири“, сопственост на Ј.Б. од Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Дел од одземените предмети се пронајдени и вратени на сопствениците, а лицето е приведено во Полициската станица Велес и по целосно документирање на настаните ќе следува соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/38748/foto-aikido-klubot-randori-uchestvuvashe-na-20-po-red-seminar-za-realen-aikido-bitola-open/