Успешен настап на велешанецот Илија Настовски во Италија

Македонскиот пијанист Илија Настовски од Велес имаше успешен и забележителен соло настап во Италија. Концертот беше одржан во салата на Музејот на античко оружје, во градот Мартинсикуро, во рамки на Вториот меморијал Historia magistra vitae.

Zito akcija 640x289px

Културно-уметничкиот настан го спонзорираше делегацијата од областа Марке која што е претставник на кралската династија Савој, во соработка со Академија Лист Мјузик Арт – АЛМА и господинот Алчесте Ауберт.

Agria

Италијанската публика имаше можност да слушне дела од Бетовен, Лист, Шуман и Шуберт, на пијаното коешто било сопственост на светски познатиот пијанист Артуро Бенедети Микеланџели.

Водачот на делегацијата, д-р Валтер Пелегрино, му врачи плакета на „маестро Илија Настовски, со образложение како „чувствителен интерпретатор, со длабока благодарност за возвишените хармонии што сакаше да ни ги посвети“.

Настовски истакнува дека е пресреќен бидејќи е прв македонски пијанист кој во Италија добил високо признание од едно кралско семејство, а кое ги поддржува културните настани, а воедно и втор македонски пијанист по Симон Трпчевски кој вакво признание добил од кралското семејство од Англија.

Настапот на Настовски беше медиумски покриен од страна на дневниот печат и неколку портали во Италија, како и на официјалната страница на кралската фамилија Савој.

Илија Настовски е професор по пијано во ООМУ „Стефан Гајдов“ – Велес, педагошки работник кој речиси 15 години се истакнува во својата дејност, како на домашната, така и на меѓународната сцена. Воедно е основач и диригент на Градскиот камерен оркестар на Велес. Во месец април, тој беше координатор на Еразмус проект во Асколи Пичено, Италија. Тогаш, заедно со Светланка Ташева како тогашен директор, одржаа два концерта и достојно го претставија училиштето и општина Велес. Настовски беше прогласен за почесен член на АЛМА од Гротамаре, место каде што престојувал и компонирал Франц Лист во 1868 година. По овој свој последен успешен настап во Италија Настовски доби покана и за други свои концертни настапи во Италија, како и настап со Градскиот камерен оркестар на Велес.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/32221/policzijata-go-pronajde-momcheto-koe-beshe-prijaveno-za-ischeznato/