Велешанец осомничен затоа што шетал со пушка на улица

Veles fevruari 2022

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 20-годишник од Велес за кого постои основано сомневање дека сторил кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки матери од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

Zito akcija 640x289px

На 18 февруари, осомничениот неовластено држел огнено оружје – пушка марка „Баикал“ од руско производство, со калибар 12 милиметри, со две цевки со внатрешни ударни механизми и автоматска кочница. Движејќи се по улица во Велес, оваа пушка ја носел со себе, кога го запреле полициски службеници.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Поради околности кои упатуваат дека осомничениот може да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, до судијата на претходна постапка е доставен предлог за определување мерка притвор против осомничениот. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

​Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/29130/borecz-basket-bez-problemi-go-sredi-basket-kam/