Велешанец со трактор прегазил полицајци, потоа и ги тепал

Policija SVR Veles

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против жител на градот на возраст од 63 години, за кој постои основано сомнение дека нападнал полицајци.

Zito akcija 640x289px

„На 23 август, осомничениот нападнал двајца полициски службеници од СВР Велес, нанесувајќи им телесни повреди. Откако управувајќи трактор не сопрел на зададените звучни и светлосни предупредувања од полицајците, туку продолжил да се движи кон индустрискиот дел од градот, оштетените со полициско возило го стигнале. На знак од еден од оштетените со светлечка палка СТОП и гласно упатено барање да запре, осомничениот свртел со тракторот во лево и продолжил да се движи во правец директно кон оштетените. Со тракторот удрил најпрвин во едниот, а потоа и во другиот полициски службеник. Полицајците се обиделе да го запрат, но тој продолжил да ги удира со боксови. Кога конечно успеале да го совладаат, им се заканил дека ќе го запаметат, како и дека ќе ги уништи нив и нивните семејства“, велат од Обвинителството.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Бидејќи постои опасност осомничениот да се даде во бегство или да го повтори делото, особено со оглед на упатените закани кон оштетените, јавниот обвинител достави предлог на осомничениот да му се определи мерка притвор. Судијата на претходна постапка од Основен суд Велес го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 8 дена​, додаваат од Обвинителството.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/32346/dizelot-poskapuva-od-polnok/