Велешанец заработи кривична пријава поради фалсификувана бугарска возачка дозвола

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.А.(22) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „фалсификување исправа” по член 378 од Кривичниот законик.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Пријавениот, во текот на 2022 година во Република Бугарија набавил фалсификувана бугарска возачка дозвола за управување со моторни возила и таквата фалсификувана возачка дозвола на 12.02.2023, при управување патничко возило „бмв“ со бугарски национални ознаки, ја дал на увид на полициски службеници кои вршеле редовна контрола. Притоа, било констатирано дека дозволата е фалсификувана.   

Agria

Можеби ќе ве интересира: