Велешанецот Ѓорѓи Маџаров: Вештачката интелигенција има огромен потенцијал, но ќе замени работни позиции што ќе бидат автоматизирани

gjorgi madzarov

Професорот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), Ѓорѓи Маџаров, посочува дека вештачката интелигенција (ВИ) не е ништо ново, веќе 40-50 години се користи, ама главно од информатичко-технолошкиот сектор. Огромната промена, односно разликата е што сега обичниот човек добива алатка која се базира на ВИ и ќе треба самиот да ја користи таквата технологија, со цел рационално да креира нови производи и вредности. Истовремено, ваквата автоматизација во иднина би заменувала и работни позиции на луѓето базирани на интелектуална способност, пренесува radiomof.mk

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Маџаров минатата недела учествуваше на настанот „Станица: Студентска 8“, организиран од Младинскиот образовен форум. Пред младите и студентите зборуваше за потенцијалите и ризиците на вештачката интелигенција и Chat GPT, посочувајќи дека „и досега сите веќе сме консументи на ВИ“.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„Филмовите и серии што ги гледате се базирани на некаква ВИ. Сите тие параметри, тоа ‘филтрирање’ за жанрот, пократки или подолги, историјатот, локацијата каде ги стримате, системот за синхронизација и сл. Во позадина не седи човек и следи што гледате, па за да ви ги пушта омилените филмови на ‘Нетфликс“, туку вештачка интелигенција. Можеби ВИ не секогаш е прецизна за вашиот идеален избор, но барем се обидува“, вели Маџаров.

Понатаму, посочува тој, веќе постојат и електронски системи што таргетираат модели на купувачи. Односно, според вашите преференци и желби се препорачуваат листа на производи.

„Пример, кога имате бебе, системот знае дека ви треба млеко, транспортер, количка, или седиште за во автомобил“, нагласува Маџаров.

За професорот е несомнено дека ВИ има огромен потенцијал, особено со новите широко достапни модели како Chat GPT, па креативноста е на самиот човек каде ќе најде нејзина употреба.

„Пример во образованието може да вршите евалуација. До одредено ниво автоматски да прилагодувате соодветни тестови, кои ќе бидат аплицирани на определени студенти, или ученици. Да евалуирате во која наука младите може да бидат најперспективни, врз основа на записи од самите млади. Во правото, може да се користи за договори, за пребарување правни документи, промена на постоечки регулативи, појава на девијација на цени, неконзинстетност на нешто што е напишано… Значи, работи што човекот троши време да ги провери“, вели Маџаров.

Целиот текст можете да го прочитате на следниот линк

Извор на веста: radiomof.mk

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/38507/povisoki-plati-za-78-proczenti-dobile-1060-funkczioneri/