45-годишна велешанка пријавила во полиција дека нејзиниот син физички ја нападнал, јави полицијата. Инцидентот се случил во неделата вечер во близина на градскиот пазар.
„На 23.08.2020 околу 20.00 часот во СВР Велес, Ѓ.И. (45) пријавила дека на ул. „А. Мишев“ во Велес, по кратка расправија, нејзиниот син С.И. физички ја нападнал“, соопшти Димитар Каракулев од СВР Велес.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Можеби ќе ве интересира: