Велешанка со такси одела да купи дрога за сопругот во затвор, ја фатиле на патарина

patarina sopot

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 од Кривичниот законик.

Zito akcija 640x289px

На 29 октомври, 30-годишна жена неовластено заради продажба држела наркотична дрога – марихуана во количина од 978,6 грама и хероин во количина од 0,31 грама. На тоа со умисла ја поттикнал второосомничениот – нејзиниот сопруг кој се наоѓал на издржување на казна затвор, а за да ја набави дрогата и помогнал третоосомничениот, ставајќи и на располагање средства за извршување на кривичното дело.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Сопругот телефонски ја известил осомничената дека треба да оди во Скопје за од таму да ја преземе дрогата која потоа требало да му ја предаде нему во затворот. Таа го ангажирала третоосомничениот со неговото такси-возило да ја превезе. Во близина на Катланово, оштетената излегла од такси-возилото, па ја купила дрогата од непознато лице за сума од 1800 евра и се вратила во возилото каде му кажала на третоосомничениот дека ја набавила дрогата. Со автомобилот се упатиле кон Велес, но на наплатната станица Сопот, полициски службеници од СВР Велес извршиле контрола, ја пронашле и ја одзеле наркотичната дрога.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка на Основен суд Велес достави предлог за определување мерка притвор против првоосомничената и третоосомничениот.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/33644/od-nokeska-na-polnok-poevtinuva-dizelot-poskapuva-eurosuper-bs-95/