(ВИДЕО) Се одржа „Домијада“ во Велес

По два дена престој спорт и дружење во Средношколскиот дом „Лазар Лазаревски“ во Велес заврши 29 -та по ред „Домијада. Учествуваа ученици од средношколските домови од Битола, Скопје, Охрид, Штип и Струмица, како и од студентските домови во Скопје, Охрид, Битола и Штип. На „Домијадата“ учествуваа и ученичките домови за ученици со посебени потреби од Скопје и од Штип.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

По два дена спортски натпревари во ракомет, кошарка, мал фудбал, пинг понг и шах во салата „Гемиџии“, на свечена бина во дворот на Интернатот синоќа беа доделени медалите за сите учесници и пехарите за најдобрите екипи за освоено прво, второ и трето место.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Најдобра екипа од средношколските домови и златен пехар севкупно освои екипата на Средношколскиот дом „Мирка Гинева“ од Битола, а од студентските домови учесниците од Студентскиот центар „Скопје“ од Скопје. 

Во рамките на „Домијадата“ се одржа и дебата на тема „Влијанието на социјалните мрежи во образованието“ како и ликовна колонија со осум учесници. Тие на платото под Спомен Костурницата од НОВ цртаа фрагменти од овој споменик, како и од Велес. За најдобри цртежи беа прогласени оние на Милена Пешевска, Афродите Гоцева и на Андреас Петровиќ.

Директорот на средношколскиот дом „Лазар Лазаревски“ Марјанчо Јорданов беше домаќин на своите колеги, директори на некои од средношколските домови од државите на поранешните Ју републики, а присуствуваше и Зоран Арсовски, претседателот на ученички и средношколски домови во земјава.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/38718/vremenska-prognoza-371/