Велес е еден од најракометните градови во Македонија. Своевремено Борец беше првак на Македонија, а го освои и Купот. Клубот ја претставуваше земјава и во европските купови.
Но, беспарицата го остави велешкиот клуб повеќе од една деценија без позначаен успех. Повремено се појавуваа талентирани ракометари, кои, откако ќе ги забележат, побогатите клубови од земјава веднаш ги ангажираа во своите редови.
Дека Велес има убава ракометна иднина, доказ е и ова видео, во кое младиот 17 годишен Кирил Миленков постигнува ефектни голови во гостинската мрежа, на натпреварот од последниот првенствен балон во Првата лига, против екипата на Драчево, кој се одигра во Велес.
Можеби ќе ве интересира: