(ВИДЕО) Велешкото семејство Маневи 14 месеци е без покрив над глава

Заложници сме на државата. Вака ја започнува својата приказна велешанката Љубица Манева. Нејзината куќа пред 14 месеци изгоре во големиот пожар кој зафати дел од велешката месност Варналиите, една од обележјата на градот, заштитена со закон.

Zito akcija 640x289px

Исто толку време семејството Маневи нема покрив над глава, па мора да живее кај роднини и пријатели. Љубица раскажува дека со секој нов ден, се повеќе умира надежта дека повторно ќе се врати во својата куќа.

Agria

„Секој ден оттука минам, како може да ми биде? 45 години сум тука. Се што сум правела, сега го нема. Еве, жив споменик. Градоначалникот се огради, тоа не е негова должност, негова надлежност. Барем да исчистеа, да беше чисто. Ништо не е покренато“, низ солзи раскажува Љубица Манева.

kuka varnalii izgorena

Куќата на Маневи е споменик на културата. Често се користеше за снимање рекламни спотови и играни филмови. Сега државата не им дозволува сами да ја обноват, но ниту нешто прави за нејзина реставрација. Љубица вели дека од надлежните институции постојано го добива истиот одговор – се чека на изготвување проект.

„Чекаме повеќе од една година, ништо не се презема, а само ветуваат – ќе биде. Ништо не бива. И моравме да се одлучиме на ваков чекор, да слушне јавноста. Не можеме повеќе. Психички се разболев, не можам да издржам повеќе“, рече Манева.

Општина Велес ги информирала дека тие не се надлежни за спомениците на културата и ги упатила кај државните институции. Од Заводот за заштита на споменици велат дека тие веднаш по пожарот му препорачале на Националниот конзерваторски центар да изготви проект, по што треба да почне реставрацијата на куќите. Директорот на центарот Мемет Селмани вели дека обвновата на изгорените куќи кај Варналиите е приоритет за неговата институција, но тие немаат пари за тоа.

„Точно е дека добивме насоки од Заводот за заштита на спомениците на културата, но ние немаме свој буџет, а пари обезбедуваме преку проекти од Министерството за култура. Ја чекаме Годишната програма за проекти, која треба да биде објавена во секој момент и преку која треба да обезбедиме пари за реставрација на овие куќи. Штом ги добиеме, веднаш ќе почнеме со работа.“

Пожарот во кој изгоре непроценливо културно наследство се случи на 20 декември 2019 година. Изби во предниот дел, во кој сам живееше подалечен роднина на Маневи и кој во несреќата го загуби животот. Оттогаш трае и голготата на ова семејство.

https://www.facebook.com/24vesti.mk/videos/1113957515731744

Moжеби ќе ве интересира:

https://batali.net/18659/vo-porast-brojot-na-hospitalizirani-kovid-paczienti-vo-veleshkata-bolnicza/