Бројот на хоспитализирани пациенти од ковид-19 во велешката болница во моментов на 20 исто како и во вчерашниот ден. Од нив, девет имаат позитивни тестови, двајца пациенти се сомнителни на вирусот, а девет пациенти се негативни на ПЦР тестовите, но се уште имаат потреба од болничка нега.
Содржината продолжува под рекламата
На кислородна поддршка се 11 пациенти. На инфективното одделение се сместени 12 пациенти, а на интерното одделение од ковид-19 се лекуваат осум пациенти.
Содржината продолжува под рекламата
Во последните 24 часа во велешкиот ковид центар нема примено нови пациенти, а двајца пациенти се испишани.
Можеби ќе ве интересира: