Возило излета од регионалниот пат Стари Град-Богомила, повреден 79 годишен сопатник

stop policija

Патничко возило Фолксваген туран излетало од регионалниот пат село Стари Град – село Богомила при што тешко е повреден сопатникот во возилото.

Zito akcija 640x289px

„На 26.01.2023 околу 14.30 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат с.Стари Град – с.Богомила, велешко, патничко возило „фолксваген туран“ со велешки регистарски ознаки, управувано од З.М.(45) од с.Мартолци излетало од коловозот. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Б.М.(79) од с.Мартолци, констатирани во Општа болница Велес“, информираа од МВР.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

По овластување на Јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Велес.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/35702/veles-megu-gradovite-kade-sinoka-se-sprovedoa-kontroli-vo-ugostitelski-objekti/