Жито Маркети стартува голема наградна игра „Чекор до златна добивка – Играј и освој злато!“

Жито Маркети ја започна годинешната голема наградна игра! Под слоганот “Чекор до
златна добивка”, наградната игра за своите потрошувачи компанијата ја стартуваше на
15-ти мај и ќе трае речиси цело лето, сè до 15-ти септември.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Името на наградната игра е внимателно одбрано, како најбрза и најдобра асоцијација
на тоа колку малку ќе му биде потребно на потрошувачот за да дојде до вистинско
злато – затоа што главните награди се во тежина на еден килограм инвестициско
злато! Заедно со овие златни награди, вкупниот награден фонд на “Чекор до златна
добивка” е повеќе од осум милиони денари. Наградната игра се спроведува и е дел од
активностите во рамките во коишто Жито Маркети слави три и пол децениски јубилеј и
успешно работење на домашниот пазар.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Од компанијата велат дека исклучителен поттик за да организираат една голема
наградна игра и во оваа година, била одличната реализација и споделените позитивни
реакции на потрошувачите за двете наградни игри кои беа спроведени во 2022 година,
заедно со 35-тиот роденден што се одбележува годинава.

„35 години домашна, македонска компанија, со 35 години успешно работење, со 35 години секојдневно градење лојалност и взаемна доверба со граѓаните – се одличен повод да се одлучиме и оваа година да организираме една голема наградна игра. Гоимаме задоволството и годинава да овозможиме на нашите ценети потрошувачи, но ина оние кои допрва ги осознаваат придобивките од лојалните програми на ЖитоМаркети, да им понудиме забава при пазарењето и можност за одлични награди ворамките на “Чекор до златна добивка”, “ велат одговорните од Жито Маркети.

Вкупниот награден фонд е составен од: 140 Потрошувачки ваучери по 3.000,00 денари;
140 Потрошувачки ваучери по 5.000,00 денари; 20 Телевизори; Три автомобили КИА
Рио; и, секако, како врв на наградната игра – пет плочки инвестициско злато од по 100
грама и една плочка инвестициско злато од 500 грама.

Извлекувањата на добитниците ќе се одвиваат во неколку етапи. Ќе има три извлекувања, по едно секој месец и едно главно извлекување. Првото извлекување ќе биде на 24 јуни, второто на 22 јули и третото на 26 август. Главното извлекување ќе биде на 30 септември 2023 година, при што ќе биде организиран голем настан со забавна програма и гости, на кој ќе се извлекуваат главните награди во тежина од еден килограм злато! За повеќе информации околу наградната игра, за правилата, за фондот на награди и за сите останати детали, прочитајте на линкот: https://zito.com.mk/cekor-do-zlatna-dobivka/

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/38618/veleshani-izrabotuvale-falsifikuvani-banknoti/