12-годишното момче кое беше пронајдено повредено не се сеќава на ништо, во неговата крв е пронајдено само присуство на дијазепам

Veles noemvri mesec soncevo

Дванаесетгодишното дете пронајдено повредено на улица во Велес, на Детската клиника во Скопје е примено со фрактура на мандибулата или долната вилица, на ништо не се сеќава и не кажува никаква информација, изјави за МИА директорката на клиниката, Стојка Фуштиќ, пренесува plusinfo.mk

Zito akcija 640x289px

„Од токсиколошката анализа, само дијазепам му е најдено во крвта. Уште истиот ден свеста се воспоставила, а други лекови не се најдени во крвта. Веројатно било без свест, првично е примено во Велес, а потоа, завчера, е донесено кај нас“, рече директорката појасни таа.

Agria

Во саботата околу 13 часот е пријавено дека во велешката Општа болница, со тешки телесни повреди, бил донесен малолетник, кој бил пронајден нa улицата „Алексо Демниевски“, информираше портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев.

Тој додаде дека полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Портпаролката Елена Левкова Ќулумова, за МИА рече дека на Детското одделение во велешката болница во саботата било донесено дете, кое со тешки повреди било испратено на понатамошно лекување на скопските клиники.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/36097/ojo-pokrena-obvinenie-za-teshkata-soobrakajna-nezgoda-vo-veles-kade-pochina-maloletno-devojche/