Апел на СВР Велес до мотоциклистите

Со доаѓање на летото и покачените температури, СВР-Велес изминатиов период регистрираше поголем број на мотоциклисти по патиштата и улиците во Велешкиот и Тиквешкиот регион.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Со цел да не се доведува во прашање сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, СВР-Велес апелира до мотоциклистите, задолжително да користат заштитна опрема кацига, да поседуваат соодветна возачка дозвола, редовно да ја проверуваат техничката исправност на моторите и навреме да ги регистрираат.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Покрај ова ги советуваме возачите да не седнуваат на мотоциклите со необновени полиси за осигурување, посебно доколку станува збор за мопеди до 50 „кубици“. Паричната казна за некористење на заштитни шлемови изнесува 50 евра, за управување на мотоцикл без возачка дозвола 250 евра, за истечена регистрација од 100 до 500 евра и за необновена осигурителна полиса 100 евра во денарска противвредност.

СВР-Велес преку Отсекот за превенција стартуваше со имплементација на превентивно едукативни работилници со помладата категорија на возачи на мотоциклисти во соработка со локалните совети за превенција при Општините Велес и Кавадарци, а во соработка со РСБСП реализираше и сообраќајно воспитни активности кои ќе продолжат во текот на целото лето.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/38829/veleshankata-marija-nikolov-najdobra-mlada-kosharkarka-na-makedonija/