Билтенот на СВР Велес полн со кражби

Kradec krade velosiped
ФОТО: АРХИВА

Билтенот на СВР Велес, денес е полн со пријавени кражби на продажни објекти во градот.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

„На 04.04.2024 во 12.20 часот во СВР Велес било пријавено дека во продажен објект во
Велес, две малолетнички одзеле повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и
вратени на сопственикот. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок“, стои во соопштението на СВР Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„На 04.04.2024 во 15.50 часот СВР Велес било пријавил дека во продажен објект во Велес
женско лице одзело пари. Лицето било пронајдено, а парите се вратени на сопственикот. По
документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок“, известија од велешката полиција.

„На 05.04.2024 во 01.30часот во СВР Велес, А.Д.(41) од Велес пријавил дека на улица „Благој
Кирков“ во Велес бил физички нападнат од неколу машки лица, кои му одзеле пари. Се
работи на расчистување на случајот“, стои во билтенот на СВР Велес.

Можеби ќе ве интересира: