Министерството за здравство регистрираше нови 109 случаи на коронавирус во земјава. Од ни четири се во Велес.
Скопје одново ја предводи листата, но забележително е опаѓање на бројките во главниот град, денес ресгистрирани се 20 случаи.
Со двоцифрена бројка се уште и Штип со 13, кавадарци 15, Куманово 16, и Гостивар 10.
Кичево регистрира седум позитивни случаи, Свети Николе пет, Тетово и Виница по три, по два случаи има во Струга, Радовиш и Македонски Брод , а по еден позитивен на ковид 19 има во Гевгелија, Прилеп, Битола, Демир Хисар и Неготино.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 422 оздравени пациенти, почината е една пациентка од Скопје во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11942, бројката на оздравени пациенти е 8087, на починати е 528, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3327.
Можеби ќе ве интересира: