Државната награда „Мето Јовановски“ за 2022 година што се доделува за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права денеска им беше врачена на велешанката Ленче Здравкин и на Денис Јанкуловски.
Ленче Здравкин, уште од почетоците на бегалската криза која го зафати Балканот, помагаше на бегалците кои транзитираа низ Македонија. Како хуманитарка и борец за унапредување на човековите права таа постојано обезбедуваше храна, облека и место за одмор на илјадниците луѓе кои бегаа од војни и конфликти, а често беше присутна и во транзитните центри во „Винојуг“ и „Табановце“.
Содржината продолжува под рекламата
Наградите на добитниците во Кристалната сала на Собранието им ги врачи претседателката на Одборот за доделување на државната награда „Мето Јовановски“ Уранија Пировска.
Можеби ќе ве интересира: