(Фото) Драма во Велес, 42-годишен маж се фрлил во Вардар па успеал да се спаси

Жител на велешкото село Бузалково синоќа околу 19 часот скокнал во водите на реката Вардар. Неговото тело веднаш го забележале минувачите по стариот мост при што веднаш ја информирале полицијата и Итната медицинска помош.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

42-годишниот Д. М од засега непознати причини скокнал во ладната вода, и поради големиот водостој на реката таа веднаш почнала да го носи по течението. Но, стигнал само до островчето „Јаниташ“ каде што за среќа успеал некако да запре на копно.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

И тука почнува вистинската драма. Додека полицијата, пожарникарите, и неговите соселани и другари го бараат во Вардар и околу островчето Јаниташ, тој лазејки, премрзнат и со големо количество вода во неговото тело, успеал да се качи во една куќа која се наоѓа на улица Коле Цветков 94, каде што паѓа буквално пред семејната врата и е во полусвесна состојба.

Сопственикот на куќата, поради несекојдневното лаење на неговото куче излегол да види што се случува. Кога излегол, со неверување го видел како лежи 42-годишниот маж пред неговата семејна куќа и веднаш повикал Итна медицинска помош.

Од ИТМП за батали.нет ја потврдија информацијата.

„Во 19 часот и 10 миниту е пријавено посета кај Агриа, кој покасно сам излегол од Вардар на улица Коле Цветков 94 и од таму е преземен од наша екипа, веднаш му е пружена медицинска помош и транспортиран во свесна состојба на хирушкото одделение во велешката болница. Се работи за лице од велешкото село Бузалково, родено 1981 година“, рече доктор Васе Панова од ИТМП.

Од велешката болницата не известија дека и понатаму ќе се следи состојбата на 42-годишниот маж.

„Пациент давеник донесен со Итна медицинска помош донесен во хипотермија (премрзнат). Веднаш сместен во одделот за интезивна нега на хирушкото одделение. Во моментов е со стабилни витални параметри, и соодветно одговара на прашања. Останува да е следи и понатаму неговата состојба“, велат од велешката болница.

Повеќе детали од каде скокнал овој 42-годишен маж и за тоа како се случил овој настан ќе ја информираме јавноста откако полицијата ќе испадне со соопштение.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/38122/maloletnichka-fizichki-napadnata-od-drugi-maloletnichki-vo-veles/