Две нови жртви на коронавирус во велешката болница

infektivno veles

Велешанец на 75-годишна возраст и 67-годишна жителка на село Јаболчиште починаа на инфективното одделение во велешката болница. Мажот починал синоќа околу 20 часот, но тој немал потврден тест за коронавирус. Жената починала утринава, но таа имала позитивен тест на ковид-19. Со нив, бројот на починати пациенти од Велес и велешко од почетокот на пандемијата изнесува 60.

Zito akcija 640x289px

Во велешката болница се хоспитализирани 74 пациенти, од кои 62 имаат потврдени позитивни тестови, шестмина се сомнителни случаи, а шестмина имаат негативни тестови. Вкупно 26 пациенти добиваат кислородна поддршка. На инфективното одделение се лекуваат 49 пациенти, на одделението за физикална терапија има 15, а на интерното одделение се хоспитализирани 10 пациенти.

Agria

Од почетокот на пандемијата 1778 велешани се заразија со коронавирус, од кои 1011 се излекуваа, а се уште се активни 709 случаи.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/15969/597-sankczii-za-nenosene-maska/