Две тепачки за два часа на исто место синоќа во Велес

Две тепачки за нешто повеќе од два часа се случија синоќа во Велес, но двата инциденти не се поврзани меѓусебе. Тепачките се случија на улицата „Наум Наумовски“, односно во задниот двор на Гимназијата.

Zito akcija 640x289px

Прво, околу 21:30 часот, тројца малолетници од Велес се степале меѓу себе. Кавгата настанала откако тројцата претходно биле на луна паркот на игралиштето на Гимназијата.

Текстот продолжува под рекламите

Agria

Два часа подоцна, на речиси истото место се степале жители на село Кочилари, со жители на село Бузалково, соопшти полицијата.

Текстот продолжува под рекламите

„На 06.07.2021 год. околу 23.45 часот на ул.„Наум Наумовски“ настанала физичка пресметка помеѓу А.Х.(27) и Л.Х.(30), од с.Кочилари, велешко, од една страна и С.А.(23) и Е.А.(26) од с.Бузалково, велешко, од друга страна“, рече Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

По целосно документирање случаите, полицијата ќе поднесе соодветни пријави.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/22107/nema-registrirano-zarazen-veleshanecz-so-koronavirusot-vo-izminatite-24-chasa/