Две жени на 57 и 86-годишна возраст починаа утрово на инфективното одделение во велешката боница како последица од компликации предизвикани од ковид-19.
Помладата пациентка била примена во болница пред два дена во тешка состојба, со многу ниска сатурација на кислород. Таа имала прекумерна телесна тежина и боледувала од хипотиреоза.
Пациентката на 86-годишна возраст била примена на 19 октомври и имала висок крвен притисок.
Синоќа на Инфективната клиника во Скопје почина 41-годишниот Игор Ангеловски, поранешен началник на СВР Велес. Повторно за едно деноноќие во Велес се регистрирани три жртви на коронавирусот, со што вкупниот број починати велешани од почетокот на епидемијата е 27.
Во моментов на инфективното одделение во велешката болница се хоспитализирани 41 пациент, од кои 33 имаат позитивен тест на коронавирус, а осум се водат како сомнителни случаи. Од нив 13 пациенти добиваат кислородна поддршка.
Можеби ќе ве интересира;