Еден загинат и четворица повредени во сообраќајка на автопатот Велес-Скопје

Soobrakajka

Едно лице загина, а четири се повредени во сообраќајна несреќа што се случи вчера на автопатот Велес-Скопје, после наплатна станица Отовица.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

„На 06.04.2024 во 18.50 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот Велес-Скопје, после наплатна станица Отовица, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено меган“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.К.(41) од Скопје и товарно возило „фап“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од З.Д.(57) од Гостивар“, соопштија од СВР Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле В.К.(39) и малолетник, двајцата од Скопје, сопатници во возилото „рено“. Тие биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во
Скопје, каде што била констатирана смрт на В.К..

Со телесни повреди се здобиле две малолетни сопатнички во возилото „рено“, како и сопатникот во товарното возило, М.З.(65) од Гостивар, констатирани во болницата во Велес. По овласување на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од СВР Велес.

Moжеби ќе ве интересира: