Фестивалот „Војдан Чернодрински“ го отвора „Нема струја за електричниот стол“ на велешки театар

Nema struja za elektricniot stol teatar

Со свеченост на платото пред Домот на културата „Марко Цепенков“, со врачување на наградите за животно дело и со првата претстава во официјалната конкуренција, вечер во Прилеп ќе биде отворен 57. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Под мотото „Враќање дома“ најреномираниот и најстар национален фестивал на театарската уметност до 16 јуни ќе понуди богата програма.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Фестивалот ќе се отвори со првата од 10-те претстави во официјалната конкуренција – „Нема струја за електричниот стол“ во режија на Дејан Пројковски, во продукција на театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/38900/veleshkata-policzijata-uapsi-kochanchanecz-za-kogo-bila-izdadena-poternicza/