(ФОТО) Доделени признанија на најдобрите крводарители за 2023 година

Во пресрет на 17 Март, Денот на Црвениот крст и Денот на крводарителството во Македонија, вечерва во Големата сала на Општина Велес се доделија признанијата за најдобрите крводарители за 2023 година во општините Велес, Градско и Чашка.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Признание за 100 пати дарувано крв доби Тодор Хаџи Ристов. За 75 дарувања наградени се Божо Димовски, Димче Наумов и Стефан Јовчев. Признание добија и Ѓоре Коцев, Наунчев Игор, Иван Стојанов, Пејчиновски Дени, Јордан Кирков, Драганчо Талевски, Снежана Петрушевска, Роберто Јаневски и Нино Николов добија   кои својата рака ја подале педесет пати.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

За значаен придонес во унапредување и омасовување на крводарителството и исполнување на локалниот и републичкиот план за крводарување во 2023 година, благодарници добија Команда за обука и доктрини на Армијата на РСМ, „Скил ап академија“, ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“, Основна организација на Црвен крст Градско и мотиваторите за крводарителство Благое Климкаров, Дончо Николовски, Слободан Бошков и Зоран Јаневски.

Признание за развој и поддршка на крводарителството довија и Службата за трансфузион медицина од Велес и Др. Лилјана Поцкова, Др. Славе Јорданов, Мимоза Николова, Милка Илиева и Душанка Темова.

Можеби ќе ве интересира: