(ФОТО) „Нишки до срцата“ од Наташа Брезовска – Богоевска промовирана на Саемот на книгата

Вчера во промотивниот центар на Саемот на книгата во спортскиот центар „Борис Трајковски“, роднокрајната авторка Наташа Брезовска – Богоевска ја промовираше својата нова книга „Нишки до срцата“.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Наташа Брезовска-Богоевска не ѝ е непозната на македонската читателска публика досега, во својот творечки опус веќе има повеќе дела поезија и проза како за деца така и за возрасни, а повеќе пати нејзините раскази биле наградувани и забележувани како драгоцен придонес кон македонската белетристичка литература.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„Во оваа збирка раскази таа се пројавува како мајстор на кусиот прозен жанр, а големиот опус раскази зборува за нејзината посветеност на секој внимателно избран збор, лапидарноста на изразот зборува за високата креативност на авторката: со малку зборови да каже многу, да погоди токму во срцата и на пребирливата читателска публика и со интерес да се очекува секое нејзино следно остварување“ рече во своето обраќање промоторот Снежана Џамбазова Петрова.

„Дел од расказите се пишувани во прво лице, главниот протагонист е неименуван, со цел читајќи ја приказната да ја почуствуваме како своја, бидејќи само така ќе ја разбереме туѓата тага, болка или радост. Би рекла дека јас заедно со моите именувани и неименувани ликови, како Диоген го бараме човекот помеѓу луѓето. Се надевам дека моите раскази ќе допрат до вас, читателите ќе ја поттикнат, ќе ја разбудат или ја создадат емпатијата создавајќи нишкакоја ќе ја пренесува пораката од нив“, изјави авторката Наташа Брезовска – Богоевска.

Книгата е во издание на Издавачката куќа „Бата прес“, модератор на настанот беше актерот Александар Џуровски.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/38279/5-maj-den-na-makedonskiot-jazik/