(ФОТО) Пробај ја, не лути – велешанецот Диме Тодоровски ги натераа украинските навивачи да пијат македонска ракија

Украинските фанови пристигнаа во Букурешт за денешниот натпревар Македонија – Украина со почеток од 15 часот по македонско време и веднаш се упатија кон базата на македонските навивачи во строгиот центар на романската престолнина.

Zito akcija 640x289px

Украинците се изненадија од гостопримството на Македонците кои во Стариот град на Букурешт се како дома, па добија покана да им се приклучат во славјето.

Agria

Секој од нашите навивачи посака да се фотографира со Украинците и нивното знаме за да направи спомен од настапот на Европското првенство.

Тие се чувствуваа како ѕвезди и сите очи беа вперени кон нив кога се случи најголемото изненадување – им понудија да пробаат македонска лута ракија.

А, кој друг ако не велешани и бившите фудбалери кои потекнуваат оттаму. Велешани се познати по тоа што пијат ракија и на голо без мезе, па ги натераа Украинците да пробаат од македонскиот специјалитет.

„Пробај ја, не лути“, му рече велешанецот Диме Тодоровски на Украинецот.

Но, кога тој голтна една голтка, го скисели лицето и издиша длабоко.

„Леле ама ме гори во грлото“, рече Украинецот на што нашите фанови гласно се изнасмеаја.

Велешани открија и една анегдота пред присутните која можеби неколкумина ја знаат.

„Ние мислевме дека Украинците пијат алкохол. Но, нам ни нема рамни. Знаете ли дека во Велес ние мезиме чорба со неколку ракии уште пред да запее петелот“, откри Тодоровски.

Преземено mms.mk

Фото: Вангел Тануровски

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/21606/pettoto-godishno-vreme-i-ismena-vo-selekczijata-na-godineshnoto-izdanie-na-internaczionalniot-festival-na-monodrama/