Пронајден хероин во домот на велешанец, определена мерка притвор

Osnovno javno obvinitelstvo Veles

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против велешанец осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Zito akcija 640x289px

При претрес во домот на осомничениот, на 9 февруари, полицијата пронашла 168 пакувања со вкупно 30,24 грама хероин, како и парични средства за кои постои сомнение дека биле стекнати со илегална продажба на наркотична дрога.

Agria

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка во Основниот суд Велес достави предлог за определување мерка притвор спрема осомниченото лице, бидејќи постои опасност од бегство и можност да го повтори делото.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/36012/kovachevski-do-sobranieto-go-dostavi-predlogot-za-rekonstrukczija-na-vladata/