Има место во сите велешки средни училишта за третиот уписен рок

Gimnazija Koco Racin-Veless

Во третиот уписен рок во четирите средни училишта во Велес има уште вкупно 265 слободни места. Уписите започнаа денеска и ќе траат до утревечер до 24 часот. Освен во училиштето кандидатите може да се запишат и онлајн. Најмалку слободни места има во ССОУ „Коле Неделковски“.

Zito akcija 640x289px

Како што информираат од Општина Велес, од вкупно 830 слободни места во четирите средни училишта во Велес, во првите два уписни рока, пополнети се 565 места.

Agria

Во ССОУ „Коле Неделковски“ има слободни места за струките електроника и телекомуникации, техничар за транспорт и шпедиција, заварувач, автомеханичар, машински техничар за моторни возила.

Во Гимназијата „Кочо Рацин“ во двете пријавувања во првиот уписен рок запишани се 106 ученика, од нив 84 ученици во македонските паралелки и 22 ученика во албанската паралелка. Во спортската паралелка, која работи во Гимназијата, а е засебен субјект, примени се 10 ученици, за фудбал.

Во Хемиското училиште ССОУ „Димитрија Чуповски“, како што информира за МИА директорот Петар Жабев, во двете пријавувања запишани се вкупно 135 ученици. Исполнет е профилот фармацевтски техничар и медицински лабораториско- санитарен техничар. Слободно место има само едно за медицинска сестра и едно за лични услуги. Слободни места најмногу има за физиотерапевт 18 , во одделението за месар –пекар има 27 и за техничар за заштита на животната средина 17 слободни места.

Во Економското „Јовче Тесличков“ има слободни места во сите смерови.

Пријавувањето е и утре до 24 часот, а списокот со пријавените кандидати ќе биде објавен на огласните табли во училиштата во среда на 23 август.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/40714/foto-vest-avtomobil-so-veleshki-registarski-tabliczi-se-prevrte-na-avtopatot-skopje-veles/