Како време не очекува?

dozd veles juni

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време (над 25 l/m²), силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 17, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени.

Zito akcija 640x289px

Под влијание на циклонска активност до крајот на седмицава ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи, а на повеќе места ќе наврне поголема количина на воден талог (над 25 l/m2 за 24 часа). До петок локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град.

Agria

Инаку вчера попладне во Велес имаше силно невреме проследено со пороен дожд, град, грмотевици и ветер. За кусо време, улиците на градот се претворија во поројни реки кои носат камења, дрва и секаков отпад.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/39042/naredba-za-sproveduvane-na-istrazhna-postapka-i-pritvor-za-ubieczot-od-podles/