Тројца новозаразени велешани се регистрирани во последните 24 часа, соопшти на денешната прес конференција Аце Коцевски, градоначалник на Велес. На новинарско прашање дали е познато како тие се заразиле, Коцевкси одговори дека таква информација нема.
По неколку денови без заразени, Велес повторно се појавува на листата на градови во кои се регистрирани нови случаи на коронавирус. Во моментов, во Велес има 25 граѓани кои се водат како активни случаи со коронавирус.
Од почетокот на пандемијата до денес, во Велес се регистрирани 241 инфицирани, од кои 203 се оздравени, а починаа 13 велешани.
Можеби ќе ве интересира: