Континуирана меѓународна соработка на македонскиот стрип центар

Согласно на своите програмски цели и задачи, посебно во делот на мегународните контакти
како и работата со млади таленти, Стрип центарот на Македонија-Велес анимираше поголем
број на млади таленти од државата за учество на отворени конкурси во земјите од
соседството.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Како што извести Томе Трајков ,програм координаторот на СЦМ-Велес , продолжи успешната
соработка со Стрип фестивалот во Ваљево, соседна Србија. Конкретно на 6-тото издание на
оваа манифестација, повторно педагозите на Стрип центарот –Велес добија специјална
награда за работа со млади категории.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

На овој конкурс , Специјална награда (колективно ) е доделена и на грантот „ЗА НАШИТЕ
СОСЕДИ И ПРИЈАТЕЛИ “ ,(тематски проект наменет за Ромите) во имплементација на Стрип
центар на Македонија и Институтот за истражување и анализа на политики „РОМАЛИТИКО“
–Скопје .Истиот е поддржан од ПРОЕКТОТ НА УСАИД ЗА ИНКЛУЗИЈА НА РОМИТЕ.
Инаку наградата ГРАН ПРИ на овој конкурс ја доби Бојан Завишин со стрипот
TRANSPYPYPIFICATION.

Исто така, меѓународната соработка се покажа и во анимирањето на млади таленти за учество
на конкурсот на тема „МАЈКА ТЕРЕЗА“ И „МИЛОСРДИЕ“ организиран од страна на Здружението
„КРАГИ“ од Приштина, Косово. Освен стрип, овој конкурс ги опфати и дисциплините
КАРИКАТУРА и ЦРТЕЖ . Резултатите од овој конкурс ќе се објават наскоро.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/36416/vremenska-prognoza-334/