Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес ги награди своите најредовни читатели

Локалната библиотека „Гоце Делчев“ на свеченост по повод раѓањето на Гоце Делчев, ги врачи традиционалните признанија за најредовните читатели.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Признание за највозрасен читател доби Марија Питиќова, а за најчитател во Одделот за возрасни дови Теадора Андова. Во одделот за деца, најмлад читател е Калина Нацкова, а Мелек Муратова доби признание за најчитател во Одделот за деца. Во Организациона едница Градско, најчитател од Одделот за возрасни е Велков Аце, најчитател од Одделот за деца е Кавазов Леон.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Директорката на библиотеката Снежана Бошевска истакна дека со овој настан се заокружува уште една успешна година во работењето на институцијата.

„Упатувам голема благодарност до сите зачленети граѓани во библиотеката, соработниците, институциите и вработените кои секој со својот удел придонесе за успехот што го постигнавме изминатата година. Се надевам дека ќе продолжиме сите заедно посветено да ја негуваме љубовта кон книгата, кон пишаниот збор“, рече Бошевска.

Благодарници им беа доделени и на учесниците кои учествуваа на конкурсот „Читањето е сонување со отворени очи“ и фотоконкурсот на тема: „Зима со книга“ .

Можеби ќе ве интересира: