Четворица велешани се меѓу 80 новооткриени случаи со ковид-19 во последните 24 часа во земјава. Во истиот период починаа тројца пациенти. Во последните 24 часа се направени 680 тестирања, а процентот на откриени случаи на коронавирус денеска е нешто над 11.
Скопје и денеска предничи по бројот на новозаразени, откако таму се отркиени 54 случаи. Во останатите градови има едноцифрем број заразени. По Скоје, најмногу случаи има во Гостивар седум, во Велес има четири, во Тетово и Кочани по три, во Кавадарци, Виница и Свети Николе по два и во Куманово, Крива Паланка и Делчево по еден случај.
Почина 48-годишен пациент од пациент од Скопје, 78-годишѓен пациент од Струга и 68-годишен пациент од Струмица.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 97 оздравени пациенти, меѓу кои нема велешани.
Досега во земјата се направени вкупно 209.349 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 21193, бројката на оздравени пациенти е 16397, на починати е 800, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3996.
Можеби ќе ве интересира: