СТРАШНА БРОЈКА: Преку 500 новозаразени за едно деноноќие, Велес повторно двоцифрен

testiranje-covid19
testiranje-covid19

Дури 535 нови случаи на коронавирус се регистрирани во последните 24 часа во земјава. Од нив 10 се регистрирани во Велес. Починаа чест пациенти од кои најмладиот има 55, а највозрасниот 72 години. Интересно е што меѓу починатите е регистриран и велешанецот, кој синоќа во несреќен случај му пукна аортата, а прегледувајќи му ги повредите, лекарите му открија наод на белите дробови, сличен на коронавирус, а тестот ги потврди сомневањата.

Zito akcija 640x289px

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2445 тестирања. И денеска повеќе од половината новозаразени доаѓаат од Скопје, вкупно 277. Во Струмица има 30 ноби случаи, во Прилеп 26, во Гевгелија има 24, во Штип 22, во Тетово 18, во Куманово 17, во Кичево 15, во Битола 13, во Кочани 12 и во Велес има 10 нови случаи.

Agria

Во останатите градови има едноцифрен број заразени и тоа во Свети Николе девет, Струга и Ресен по осум, Дебар седум, Радовиш шест, во Гостивар, Валандово и Неготино по пет, во Кавадарци и Охрид има по четири, во Пробиштип има три, по два случаи се регистрирани во Крива Паланка и Демир Хисар и во Македонски Брод, Виница и Делчево има по еден случај.

Во болнички услови починати се шест лица, пациент од Велес на 67-годишна возраст, од Битола на 66-годишна возраст, од Куманово на 57-годишна возраст, од Прилеп на 72-годишна возраст, од Свети Николе на 69-годишна возраст и пациент од Неготино на 55-годишна возраст.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 168 оздравени пациенти од кои пет се од Велес.
Досега во земјата се направени вкупно 214.235 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 22170, бројката на оздравени пациенти е 16758, на починати е 815, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4597.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: