Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска треба да му го предаде мандатот за составување нова влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев.
„Зоран Заев, во име на коалицијата „Можеме”, која има освоено најголем број пратенички мандати во Собранието, го информираше претседателот Пендаровски за преговорите со повеќето партии за обезбедување на неопходното мнозинство во Собранието за избор на Владата“, гласеше вчерашното кусо соопштение од Кабинетот на Пендаровски кој мандатот на Заев ќе му го предаде во 12 часот во Вила Водно.
Можеби ќе ве интересира: