Македонскиот стрип присутен во Рашка, Србија

Од вчера па се до 28.07 (петок) се одржува  единаесетата  по ред меѓународна стрип-колонија „Рашка“, во туристичкиот комплекс во с. Семетеш, Србија (недалеку од Рашка). Продолжувајќи ја повеќе годишната успешна соработка помеѓу Стрип-центарот на Македонија со седиште во Велес и Клубот на ликовни уметници „Рашка школа“, Канцеларијата за млади и центарот за култура „Градац“ од Рашка, и на оваа колонија ќе биде застапена  македонската стрип-сцена.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Претставнички на Македонскиот стрип центар се младите Ангела Петрушевска и Јана Бутеска,обете од Скопје . Освен нив, на оваа стрип колонија ќе присуствуваат и млади од стрип училиштата од : Ваљево, Рашка, Лесковац, Белград и Крагуевац(сите од соседна Србија).

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Како што извести Томе Трајков ,програм координатор   Стрип центарот редовно делегира учесници од 2015 г.  (Освен во годините кадешто беше присутна короната.)

Во Рашка се организираат предавања, промоции и слично од поканетите специјални учесници. Она што е заедничко за обете колонии е ангажирањето на реномираниот стрип автор и педагог од Белград, Влада Весовиќ.

На крај , Томе Трајков нагласува дека соработката и дружбата помеѓу македонската и рашката стрип-сцена ќе  продолжат кон крајот на месец август , на 20 Мегународен стрип салон и 5  Меѓународна стрип-колонија во Велес. За оваа активност, во овој момент може само да се најават  гости од повеќе држави, за што македонската и воопшто стриповска јавност ќе биде информирана.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/40027/na-gp-zgolemena-frekvenczija-no-bez-pogolemi-zadrzhuvana/