Во последното деноноќие во државата се регистрирани нови 109 позитивни случаи на коронавирус.
Скопје со 40, Прилеп со 12 и Куманово со 10 се градовите со двоцифрена бројка. Охрид бележи седум нови случаи, Битола и Тетово по шест, четири во Кичево и Струга, а три има во Штип и Кавадарци. Гостивар, Струмица и Крива Паланка бележат по два, а еден нов позитивен случај на Ковид 19 има во Пробиштип, Пехчево, Делчево, Свети Николе, Ресен и Неготино.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 89 оздравени пациенти, починати се три лица, пациент од Кичево (64г), пациент од Скопје (61г) и пациентка од Македонски Брод (70г).
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14871, бројката на оздравени пациенти е 12054, на починати е 609, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2208.
Можеби ќе ве интересира: