Нови 17 заразени и еден починат велешанец во последниот ден од годината

veles mladinski

Еден велешанец почина денеска од ковид-19 на Инфективната клиника во Скопје. Во меѓувреме, нови 17 заразени велешани се регистрирани во последните 24 часа. Со тоа, Велес годината ја завршува со 2774 заразени со коронавирус, од кои 2124 ја победија болеста, а 94 велешани ја загубија битката со вирусот. Во моментов активни се 556 случаи.

Zito akcija 640x289px

Сепак, охрабрувачко е тоа што по неколку месеци, бројот на хоспитализирани пациенти со ковид-19 во велешката болница падна под 30, откако болницата соопшти дека денеска таму се лекуваат 27 пациенти поради коронавирус.

Agria

Од нив 22 имаат потврдени позитивни тестови, еден е сомнителен случај, а четворица пациенти имаат негативни тестови, но се задржани на болничко лекување. Се намали и бројот на пациенти на кои им е потребен дополнителен кислород и сега во болницата има 10 пациенти на кислородна поддршка. Сепак, денеска еден пациент поради компликации од ковид-19 е префрлен на Инфективната клиника во Скопје.

Од велешката болница информираат дека денеска шест пациенти се пуштени дома како оздравени, со по еден негативен тест. На инфективното одделение се лекуваат 23 пациенти со коронавирус, додека четоврица се сместени на интерното одделление.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/17213/filipche-so-apel-do-graganite-za-novogodishnata-nok/