Општина Велес брои дивоградби кај Бабуна

Oпштина Велес деновиве ги преброи дивоградбите на рекреативниот центар Долна Бабуна, на околу осум километри од Велес, со цел да се знае колку ги има и да спречи изградба на нови дивоградби, информира градоначалникот Марко Колев. Според информацијата од општината, во изминатите дваесетина години на просторот од вливот на река Бабуна во Вардар па до локалитетот Пешти изградени се 108 објекти, а поставени се и 16 приколки.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

„Идејата ми беше да знаеме колку објекти има и во каква сопственост се. Тие се попишани и сликани за да не се продолжи со узурпирање на просторот и со нови градби. Во наредниот период ќе се носат одлуки со цел јавниот простор што го користат граѓаните да биде заштитен и слободен“, рече Колев на прашање од МИА.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Увидот го направиле градежниот, комуналниот и инспекторот за домување на Општина Велес.

Месноста Бабуна порано беше многу омилено место за рекреација.  Ова подрачје е заштитено со закон бидејќи на Долна Бабуна се наоѓа и локалитетот Пешти со бројни пештери и други природни убавини и реткости.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/36506/del-od-pekarite-prestanaa-da-pechat-leb/