Почна пријавувањето за фаќање на светиот крст на Богојавление во Велес

Igor VAsiljevik Vodici 2023

Повардарската епархија и годинава, во Велес, ќе го организира традиционалното осветување на водите на реката Вардар и чинот на положување на чесниот крст на големиот христијански празник Богојавление Водици 2024.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

За таа цел, се повикуваат сите заинтересирани православни христијани за традиционалното фаќање на Крстот, да се пријават во просториите на Повардарската епархија во Велес, секој работен ден од 08, 00 до 16, 00 часот.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Прославата на празникот на Богојавлението во Велес,  ќе започне со Света Божествена Литургија во храмот „Свето Вознесение Христово“, на која ќе чиноначалствува Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на целото свештенство од Велес. По завршувањето на Литургијата ќе биде формирана литија до Мало мовче од каде што ќе се изврши осветувањето на водите на реката Вардар и ќе биде фрлен чесниот и животворен крст во водите.   

Можеби ќе ве интересира: