Посебен режим на сообраќај во Велес претстојниот викенд

Veles noemvri

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 07, 08 и 09.10.2022 година (петок-недела), поради реализација на традиционалната манифестација „Питијада 2022“ на локација пред Гимназијата „Кочо Рацин“, МВР и Општина Велес ќе ги преземат сите мерки за манифестацијата да помине непречено, а Одделението за безбедност на патниот сообраќај Велес ќе спроведе мерки за посебен режим на сообраќајот во овој дел од градот, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Zito akcija 640x289px

Сообраќајот по улицата „Благој Ѓорев“, на потегот од Авона до Гимнзијата, ќе биде целосно затворен, додека на потегот од театарот до поштата сообраќајот ќе се одвива двонасочно, како и по улицата „Алексо Дамниевски“. Сообраќајот на улицата „Лазо Осмаков“ ќе се одвива во еден правец, но во обратна насока од постоечкиот режим, додека улиците „Наум Наумовски“, „Кумановска“ и „Оливер Китановски“ ќе бидат целосно затворени за сообраќај.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Од тие причини, Министерството за внатрешни работи – СВР Велес апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/33084/memorijalniot-turnir-liston-2022-vo-sabota-vo-veles/