Пожар кај Отовица

Гори шумата над селото Отовица, во близина на велешкото езеро Младост. Пожарот избувна околу 13 часот а во моментов густ облак од чад може да се забележи и над ридот кај селото. Очевидци велат дека пламенот се спушта кон Отовица.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Алармирина е велешката противпожарна единица чии припадници се упатени кон местото каде што гори.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Пред точно 4 години голем пожар ја уништи шумата околу езерото Младост, а за влакно беше избегната трагедија од поголеми размери, бидејки пожарникарите и граѓаните спречија огнот да се прошири во селото Отовица.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/40212/priveden-kriumchar-od-veleshko-pronajdeni-migranti-od-sirija/