Пожарникари вчера гаснеле запален оџак на локален дуќан за скара во Велес

Изминатото деноноќие немало пожари на отворено, имало само урбани. РЦУК – Велес соопштува дека вчера од осум до девет часот, петмина пожарникари и две ПП возила гаснеле запален оџак на локален дуќан за скара во градот, наведуваат од ЦУК.

Zito akcija 640x289px

Оџаците, како што пожарникарите превентивно препорачуваат, е потребно да се чистат поредовно, се нагласува во соопштението на ЦУК.

Agria

Центарот за управување со кризи (ЦУК) изутринава апелира за внимателност поради најавените метеоролошки промени со дожд, умерен ветер и со снег на повисоките места. Кога се оди со возило на планините, препорачливо е да се има полн резервоар гориво и да се внимава на лизгавоста и проодноста на патот.

Moжеби ќе ве интересира: