Претседателот на ВМРО ДПМНЕ се пожали дека власта ја опструира работата на градоначалниците од редовите на опозицијата

На денешната посета на Градско, Мицкоски рече дека градоначалникот на Градско Киро Нацков имал големи притисоци од власта, но тоа, како што рече, не го спречило да ги реализира ветените проекти.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

“Како и сите градоначалници кои што се избрани, доаѓаат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ така и овде во Градско имаме огромни притисоци од страна на Владата, несоработка, за жал морам да констатирам дека на тој начин си го казнуваат сопствениот народ, граѓаните во сопствената држава и неодговорно се однесува Владата. Но, и покрај тоа Кире е доволно мотивиран и заедно со советниците, администрацијата овдека да направи нешто што е невозможно односно самиот кажа од општинскиот буџет имаме бесплатна градинка, а од скоро ќе имаме и бесплатен оброк за учениците од прво до петто одделение”, рече Мицкоски.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Од партијата посочија дека Градоначалникот на Градско работи посветено, реализирано е бесплатна градинка за сите дечиња, а за скоро и бесплатен оброк за учениците од прво до петто одделение.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/37994/uapsen-veleshki-pedofil-se-izzhivuval-vrz-maloletna-veleshanka/