Приведени крадци во Велес, расчистени пет кривични дела „тешка кражба“

lisici

На 26.03.2024 во Велес, полициски службеници од Полициска станица Велес и Одделението
за криминалистичка полиција при СВР Велес ги лишиле од слобода Е.Ј.(39) и Џ.Н.(31), двајцата од Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

„Тие биле барани по централен распис од СВР Велес и се сомничат дека на подрачјето на СВР Велес извршиле повеќе кривични дела „тешка кражба“. Е.Ј. и Џ.Н. се задржани во полициска станица, со нив се извршени службени разговори, при што признале пет дела „тешка кражба“ кои ги извршиле во куќи и правни лица“, соопштија од велешката полиција.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Од страна на Судија на претходна постапка од Основен суд Велес на Е.Ј. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена и е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката притвор. Исто така, по преземени мерки било утврдено дека Џ.Н. бил баран за издржување затворска казна и бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

Можеби ќе ве интересира: