Продолжува штрајкот на вработените во ЈП Национални шуми

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов денеска беше во подружницата на ЈП Национални шуми – Бабуна Велес каде што сите работници се едногласни по однос на потребата од исполнување на барањата поради кои во четвртокот започна штрајкот,а кој денеска продолжи.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Вработените  реагираа дека и последната плата за јануари која ја добија деновиве по прогласување на штрајк  е намалена незаконски  за две илјади  денари на секој вработен во ова јавно претпријатие, како и тоа што веќе неколку месеци не им се исплаќа теренскиот додаток и другите додатоци на плата.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Како што велат од ССМ, револтот е голем  кај околу две илјади вработени во ЈП Национални шуми во земјава,  упатен  до нивниот менаџерски тим поради тоа што во континуитет  доцнат со исплата на нивната плата, и  поради тоа што повторно им исплаќаат намалена плата

Ги потсетуваат  дека рокот за исплата на платата за февруари истекува на 15 март. Воедно најавуваат дека  доколку платата за февруари не им се исплати  во законски предвидениот рок,најавуваат да  организирааат  протест пред централата на ЈП Национални шуми во Скопје.

Можеби ќе ве интересира: