Промовиран романот „Мастилна мапа“ од Марија Ралповска

Во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес беше промовиран романот „Мастилна мапа“ од Марија Ралповска.  Романот, кој е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“,  влезе во потесниот избор за книжевната награда „Пегаз“ за 2021 година.

Zito akcija 640x289px

„Библиотеката како институција, топол дом на книгата е секогаш отворена за соработка и промовирање на македонските автори. Среќни сме што денес ќе запознаеме една посебно талентирана  млада авторка и веќе докажана во светот на творештвото. Нека Марија е позитивен пример за сите млади коишто сеуште се двоумат за го направат првиот чекот во издавањето на книги бидејќи првата книга ја има објавено на 14 години“, изјави Директорката на библиотеката Снежана Бошевска.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Промотор на романот беше Бети Бандиловска, која рече дека „Мастилна мапа“ раскажува за тајна чувана со години, пренесувана преку допирот на мастилото. Приказна што ги поврзува легендите, желбата на човекот за семоќност и вечното прашање: дали постоиме само ние или живееме во паралелни светови? Сè почнува со една обична тетоважа што ќе биде причина за играта наречена живот или смрт. 

„Приказната за „Мастилна мапа“ се роди во 2020 година, за време на пандемијата со КОВИД-19. Тоа беше период полн со предизвици и неизвесност за сите нас, но јас успеав да ја насочам целата моја енергија кон идејата за нов роман и она слободно време што го имав го искористив за пишување. Романот припаѓа на жанрот трилер, но се обидов да протнам и доза фантазија низ него. Обожавам да пишувам и ја сакам криминалистиката, па така во овој роман се испреплетуваат мојата професија и моето хоби. Четирите години што ги поминав на Факултетот за безбедност ми донесоа знаење што често го користам додека пишувам, внесувајќи се во умот и играта на криминалецот, но и начините на неговото фаќање и изнесување пред лицето на правдата. Главната протагонистка, Валерија е млада и храбра девојка, којашто и покрај раните од детството успева гордо и самостојно да чекори низ животот. Филип е млад, но амбициозен инспектор кој деноноќно работи за да ги фати криминалците и да ги стави зад решетки. Негативецот е студен и себичен лик, внесен во своите приказни и духови од минатото што го водат низ темната страна на животот. „Мастилна мапа“ има цел да го заинтригира читателот, да ја разгори неговата љубопитност околу прашањето што се провлекува низ целата приказна: што се крие во универзумот, дали постои нешто друго надвор од орбитата на нашата планета? Од друга страна, романот носи порака за светлата и темната страна на животот, за изборите што нѐ градат во личности во кои прераснуваме, за борбата на доброто и злото и дека на крајот на денот секогаш постои трошка надеж – рече Ралповска на промоцијата.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/36564/ekstra-lesnoto-maslo-poskapuva-za-2-denari/