Промовирана стихозбирката „Заемна спокојност“ на Божидар Јовиќ

Во организација на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ и Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес, во Медијатеката на библиотеката беше промовирана стихозбирката „Заемна спокојност“ на Божидар Јовиќ.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Промоторот Лили Арсова, претседател на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ во кој членува и Јовиќ, истакна дека ова е врв на поетски лиризам , кој е своевидна плетенка на авторот во која се гради секоја строфа со мислата, а во зборовите се создава поетска слика со цветна ливада во свеста на личноста.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Авторот Божидар Јовиќ истакна дека преку оваа стихозбирка сака да ја пронајде спокојноста помеѓу луѓето кои што од ден на ден ја губат взаемната доверба, почит, разбирање. Преку стиховите порача на свест и одговорност во животот, на љубовта, почитта, сакањето, бидејќи тоа го одржува човекот во сегашноста и иднината.

Ова е 12 книга на авторот Јовиќ, во издание на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ Велес.

Можеби ќе ве интересира: